Еден од најважните елементи на системот за управување на информациска безбедност секако е континуираното надгледување на системот и реакција во случај на невообичаени случки или безбедносни инциденти.
Исто така, проблем претставува се поголемата комплексност на информацискиот систем и секојдневното појавување на нови технологии и сервиси кои е потребно да се имплементираат како би се задоволиле строгите побарувања кои се наметнуваат на модерното работење.
Практичните искуства покажуваат дека за ефикасно управување со безбедноста потребно е континуирано мониторирање на активноста на системот и пратење на релевантни показатели кои укажуваат на евентуални пропусти, безбедносни недостатоци или злонамерни активности.
Посебно внимание потребно е да се посвети на безбедносните инциденти бидејќи тие можат да причинат големи губитоци за фирмата, како материјални така и нематеријални.
Исто така, треба да се има на ум дека освен големите инциденти, многу често вкупно поголеми губитоци претставуваат помали секојдневни инциденти, кои најчесто се занемаруваат.
ИНФИГО ИС на своите клиенти им ги нуди следните услуги за одржување на безбедноста:

