CroatianEnglishMacedonian

Менаџирање со ризици

Проблемот

Донесувањето на одлуки и преземањето на ризик се основните елементи за водење на било кој бизнис. Донесувањето на соодветната одлука од повеќето можни алтернативи е тешка задача, особено ако нема доволно показатели за да ја поткрепат таа одлука.

Менаџирањето на информациската сигурност се соочува со сличен проблем. Како да се изберат безбедносни решенија и контроли, кои ќе обезбедат соодветно ниво на сигурност и ќе бидат оправдани за бизнисот? Како да се определи стратегијата, да се постават целите во областа на Информациската Сигурност и да се обезбедат оптимални резултати за организацијата? Ова се само неколку прашања од многуте кои треба да се земат во предвид кога се однесува на информациската сигурност. Процесот на менаџирање со ризик ќе ни ги даде вистинските одговори.

Услугите

Проценката на ризикот и комплетниот процес на менаџирање со ризик обезбедуваат основа за донесување на одлука во време на инплементацијата на ISMS. Финансиска и бизнис оправдана сигурносна контрола,  која го ублажува ризикот и го одделува од процесот на проценка на ризик.
 
Воведувањето на процесот на менаџирање со ризикот, INFIGO ИС  ги обезбедува основите за ISMS или BCM подредување со бизнис целите и стратегиите.
 
Документирањето на бизнис процесите, список на средства што се поседуваат, откривање на ранливоста и потенцијалните закани се основните податоци за процесот на проценка на ризиците.
 
После проценката на ризикот а базирано на бизнис целите и стратегијата, процесот на менаџирањето со ризиците е изведен со селектирање на контроли и процедури за:
  • Ублажување на ризикот
  • Прифаќање на ризикот или
  • Префрлање на ризиците

Методите употребени за менаџирање на ризиците можат да варираат по потреба и барања. Процесот е транспарентен и повторлив, за да ја осигура мерливоста на процесот и споредбата на резултатите.
 
Корисност

Процесот на менаџирање со ризиците обезбедува усогласување на Информациската сигурност  и  Континуиран Бизнис Менаџментски  Систем со бизнис целите и стратегијата.

Систематскиот пристап до процесот на менаџирање со ризиците обезбедува ефективно планирање на времето и финансиските средства на тековните и идните потреби.