Проблемот
И покрај зголемувањето на буџетот за информациска сигурност, инциденти сепак се случуваат и тоа на дневна база. Било кој безбедносен инцидент, без разлика дали е голем или мал, претставува загуба за компанијата. Поради тоа, важно е компаниите и нивниот менаџмент да го сфатат овој проблем. Менаџментот исто така треба да дозволи доволнен временски период за планирање и развиток на соодветни инцидент менаџмент контроли и процедури.
Со имањето на соодветен и внимателно планиран инцидент менаџмент систем, одобрен од менаџментот и подреден со бизнис целите, компаниите можат значително да ги намалат потенцијалните загуби и бизнис нарушувањата во случај на безбедносни инциденти.
Услугите
Инциент менаџмент сервисот им помага на компаниите да ги подготват своите информациски системи и бизнис процеси во случај на безбедносни инциденти.
Сервисот покрива голем ранг на проактивни мерки кои дозволуваат временско пронаоѓање и реакција на безбедносните инциденти. Ова резултира со минимални загуби и попречувања во бизнисот. И покрај иницијаното системско планирање, дизајн и имплементација, овој сервис исто така покрива и техночки и административни контроли, како и специјални тренизи за подигање на свеста и едукација за соодветниот персонал. Важно е да се сфати дека соодветно имплементираниот ицидент менаџмент програм може занчително да ги намали трошоците и да го подобри целокупниот перформанс на компанијата.
Активностите вклучени во овој сервис се:
- Дефинирање на стратегиите, услугите и одговорностите за менаџментот на инцидентите
- Развивање на планови, насоки и процедури за безбедносни инциденти
- Подготовка на мрежната инфраструктура за детекција, анализа и реакција на безбедносни инциденти
- Реставрација на информацискиот систем
Корисност
ИНФИГО ИС им помага на клиентите да ги планираат, дизајнираат, имплементираат и одржуваат нивните инцидент менаџмент програмите. Како резултат, информацискиот систем и бизнис процесите ќе бидат подготвени за безбедносните инциденти, така што загубите и попречувањата во бизнис процесот ќе бидат минимизирани.
Ефикасен и соодветно имплементиран инцидент менаџмент систем ќе им овозможи на компаниите да собираат и анализираат податоци за безбедноста на нивниот информациски систем. Овие податоци подоцна можат да бидат користени како механизам да се имплементираат додатни контроли и да се подобри целокупното безбедносно ниво.
Менаџирана безбедност:
- Менаџмент на инциденти
- Форензичка анализа
- Мониторинг и ревизија на безбедноста

