CroatianEnglishMacedonian

Ревизија на безбедноста

Проблемот

Информацискиот безбедносен менаџмент бара регуларни прегледи и тестирања на безбедносните контроли кои се употребуваат.
Кога овие тестови се изоставени, ефективноста и комплетноста на имплементираните контроли не може да биде оценета.

Неадекватна или некомплетна безбедносна контрола може да го изложи информацискиот систем на различни надворешни и внатрешни закани кои може да предизвикаат значителни финансиски и други загуби.

Услугите

За време на ревизијата на безбедноста, експертите на ИНФИГО ИС го оценуваат целокупното безбедносно ниво на клиентскиот информациски системи и ја проверуваат ефективноста на имплементираните безбедносни контроли. Таквата ревизија може, покрај техничките контроли, исто така да ги оцени административните и физичките контроли.

Во зависност од барањата на клиентот, ревизијата на безбедноста се извршува против најдобрите практики и стандарди (NIST, COBIT, ISO 27001/27002) и специјално развиените методологии на експертите на ИНФИГО ИС. Со цел ревизијата да даде реални бизнис вредности за клиентот, специфичните бизнис и безбедносни барања се дискутираат пред ангажирањето.

Корисност

Услугите за ревизија на безбедноста помагаат нашите клиенти да ги оценат безбедносните нивоа на нивните информациски системи на различни нивоа (административни, технички, физички).

Вообичаено, ревизија на безбедноста се користи како менаџментска алатка за добивање на независна евалуација на имплементираните безбедносни контроли и за проверка на нивната ефикасност.