Без оглед на безбедносната контрола како што се антивирусната заштита, firewall-и, IDS системи, енкрипција итн, или примена на безбедносните стандарди како што се ISO270001, последната и најважна алка на секој информациски систем остануваат луѓето.
Без добро обучени стручни лица, но и вработени и раководители кои се свесни што информациската сигурност претставува за една компанија и нејзиното работење, ниту еден информациски систем не може да се смета за безбеден.
Поради тоа, потребно е да се планира едукација и да се специјализираат луѓето кои се задолжени за управување и одржување на ISMS или други системи кои се нужни за одржување на безбедноста. Исто така, помалку важна не е ни програмата за подигање на свеста (Eng. awareness training) за сите вработени.
ИНФИГО ИС на своите клиенти им ги нуди следните едукациски програми:

