Проблемот
Зголемен е трендот во бројот на пронајдени ранливости во безбедноста на информацискиот систем. Овој тренд е поврзан со развитокот на нови технологии и безбедносни решенија. Резултатот е многу динамичен маркет каде новите продукти и услуги се претставувани на дневна база.
Безбедносните стандарди претставуваат сличен проблем како бројот на разни документи, барања и практики кој постојано се зголемува.
Со повеќе продавачи кои се натпреваруваат на истиот пазар, тешко е за компаниите да го одредат оптималното решение за нивните потреби.
Услугите
ИНФИГО ИС нуди разни консултантски услуги за информациската сигурност. Квалитетот на нашите услуги и стручноста на нашите вработени е уверлива со искуството на неколку проекти поврзани со планирање, имплементација и оценување на системите за информациска сигурност.
Нашите услуги содржат неколку елементи на информациска сигурност:
ISMS
- Планирање на информациската сигурност и развој на стратегија
- Услогласување со барањата на Организациите и нивните бизнис цели
- Помош при селекција на безбедносни стандарди и најдобри практики
- Планирање и развој на методологии за менаџирање со ризик
- Безбедносни политики, процедури и упатства за развој и ревизија
Техничка безбедност
- Помош при евалуација и селекција на безбедносни контроли и решенија како што се firewall-и, IDS, antivirus и antispam, LAN, Internet, VPN, wireless итн.
- Безбедносни технологии и функционалност на продукти и ефикасно тестирање
- Тестирање и имплементација на безбедносни решенија
Човечки ресурси
- Имплементација на безбедносна хиерархија и одговорности
- Помош при планирање и имплементација на програми за подигнување на свеста
- Едукација на вработените и на персоналот задолжен на безбедноста
Корисност
Нашите консултантски услуги и експертски совети помагаа во одлучувањето кога треба да бидат одбрани ефикасни безбедносни решенија за да решат специфични проблеми. Консултантските услуги што ИНФИГО ИС ги обезбедува се комплетно неутрални при избор на продавачот.

