Проблемот
Настрана од техничкиот аспект, сигурноста на информатичкиот систем бара поставување на цврст и ефективен менаџментски систем. Без ефективен и добро дефиниран менаџментски систем, безбедносните проблеми се решаваат на најдолното ниво на имплементација на индивидуални безбедносни контроли. Тие решаваат само специфичен проблем или сигурносно пробивање во посебно време.
На долги рокови тој пристап не е корисен за значајно подобрување на целосната безбедност и загубите кои може да се појават организацијата треба да ги земе во предвид. Искуството покажало дека менаџментот на информациската сигурност бара комбинација на организациски и технички вештини. Тие ќе обезбедат комплетен и сигурен безбедносен систем кој ја покрива целата организација и нејзините вработени.
Услугите
ISMS (Информациски Безбедносен Менаџментски Систем) консултантските услуги обезбедуваат комплетна поддршка во сите фази на ISMS имплементацијата во согласност со ISO 27001:2005 стандардот на нашите клиенти. ИНФИГО ИС експертите ќе ви обезбедат подршка и ќе ве советуваат за да постигнете:
- Дефинирање на областа
- Развој на сигурносна политика
- Попис на средства и анализи на ризик
- Справување со ризик
- Избирање и спроведување на ISO 27001:2005 контролите
- Изјава за применливост
ISMS консултантските услуги покриваат други фази од безбедносниот менаџментски процес: дејствување, континуиран мониторинг и подобрување, соодветна документација и процедури, тренинг за подигнување на свеста, внатрешна контрола (ревизија), менаџментска поддршка, документација и контрола на записите.
Корисност
ISMS имплементацијата обезбедува и гарантира ефективен безбедносен систем за нашите клиенти и доверба во нивните системи.
Клиентот може да биде подготвен за ISO 27001:2005 (BS 7799-2:2005) сертификација која би била спроведена од одбрана акредитирана организација.
- ISMS консалтинг
- BCP/DRP планирање
- Менаџирање со ризици

