CroatianEnglishMacedonian

Форензичка анализа

Проблемот

Следбено на пронаоѓањето на безбедносните инциденти вообичаено е да има ургентна реинсталација на компромизираниот систем за да се врати во првобитната состојба. Во повеќето случаи ова е направено без понатамошни анализи и детерминирање на главната причина за инцидентот. Знаејќи ја главната причина е критично барање во намалувањето на трошоците и ублажувањето на слични настани во иднината. “Fire-fighting” не е прифатливо решение на долг рок, за било кој информациски систем.
 
 
Услугите

Безбедносните инциденти треба да подлежат на root-cause анализата за да го утврдат ударот на инцидентот и идентитетот на сторителите. Како безбедносен инцидент кој претставува загуба за компанијата, неприфатливо е справување со ваквите настани без соодветен преглед. Исто така, ако главната причина за инцидентот не е точно утрвдена, тогаш има голема веројатностистиот систем да биде компромитиран повторно.
 
За да се решат гореопишаните проблеми, ИНФИГО ИС нуди форензички анализи и детален преглед на безбедносните инциденти. Форензичките анализи ќе ги откријат клучните проблеми за инцидентот, како што е главната причина, одговорниот(те), хронолошкиот синџир на активности на компромитираниот систем и многу други детаљи, зависно од типот на инцидент.
 
Методологијата и опсегот на форензичката анализа е базиран од типот и големината на инцидентот, земајќи ги во предвид бизнис потребите и целите на погодената компанија.

Корисност

Клиентот ќе добие детален извештај вклучувајќи ги сите податоци кои се релевантни на прегледуваниот инцидент.

Со следење на оваа информација, клиентот ќе биде способен да ги отстрани идентификувани ранливости и да ја подобри целокупната безбедност на информацискиот систем.

 

Контакт